Со нестрпение чекам времево мауце да са стоплит за да почнам да реновирам околу кујќава и двороф. Во авурон ни крава ни чек можит да влезит. Еден стис е сосе паднат. Чатијата висит само на една греда. Едно теле ми замрзна от многу стут. От премногу снек и чатијата на полскион нужник ми падна. Немат кај да са мочаме ко да работаме зат кујќа. Во торникот ојдоф Ресен да земам дозвола за градба. Такоф биу законот сега. Не можиш да градиш ништо шо сакаш и кај сакаш. Си велам, да ја земам дозволата, да почнам да си прибервам се шо ми требит, и штом времево ќе са затоплит да го викнам Крстета аубанецон да ми свршит работа.
Во Ресен ма опитват дали ќе сум градиу нешто ново, или само ќе реновирам. Јас му велам ути немам јас тоуку пари за да градам ново, само сакам да го реновирам авурон за гојдата и полскион нужник. Немат проблем, не требило да са бавам со архитекти да ми цртат планој. Само ќе требило да му занесам слика од овие за да видат како изгледат, и тие одма ќе ми даале дозвола. Убо. Уште истиот ден јас го викам Симета да дојт да ми сликат. Другиот ден со сликите в раце одам пак Ресен. Му кажвам ево како изгледат авурот сега,
Ево како изгледат нужникот,

Чекот и гледат сликиве и ми велит, се е во рет. Ми велит ути сега имало некој ноф закон донесен од Премиерон Груевски, дака се шо ќе са градило и се шо ќе са реновирало во државава наша от сега требило се да е во некој стиу шо са викау барок. Демек, странцине многу мајтап преле со нас македонциве ути ништо не сме знеле за уба архитектура, како требит се да изгледат убо. За година-две ко ќе са изградит се во барок во Македонија, се ќе изгледало ко ко шо било во Франција прет некоуку стотини години, и така многу туристи от Франција и от секаде ќе гредиле во Македонија да уживат во убајната. Јас го опитвам, шо е сега ова барок? Ми кажвит слиќи от некој згради от Скопје, и ми велит, ево вака от сега се ќе са градит секаде. Многу беф одушевен ко и видоф сликите! Вие можит не сте биле во Подмочани, ама да дојте ќе видите ути селово наше на ништо не личит, ко овде никој да не живеу цеу век, се е растурено. Фала богу шо му дошло на памет на Груевски да ја разубавит мауце државава наша.
Ами, му велам на чекоф во Ресен, да не имате некој мостри од от разни градби от овај барок стиу за да му покажам на Крстета аубанецон, ути тој мајсторлокот го имат учено во Аубанија, не са разбират тоуку от ваква архитектура? Имаме мостри за се, ми велит, за кујќи, авури, штали, плевни, и за поуски нужници. Ми даде две слики за авур и за нужник, јас сликите в раце одам кај Крстета да го опитам дали ќе можит да ми реновират работиве во барок стиу.
Ако ви интересират да знете, от сега во цела Македонија предниот дел на сите полски нужници требало да изгледат вака

Абе, шо да ви речам, да ви е мерак да ојте да мочате петнајсет пати на ден! А пак авурот мој требало да изгледат вака

Средната врата ќе е за гојдата, левата врата е за во котарот за прасината, а пак десната е за кокошарникот. Се си е измислено убо по барок, онака ко шо биле авурите во Франција пред некоуку стотини години.


Braos, braced, eve ja kje ti skinam nekoja mostra tuka od triumfalnava, kje ti dojsam na Krteta da mu dajs’, ako ne mozi, klaj ti temel pa ja kje ti napram to lavojte na fasadata…
Шо барок ќе беше ова, со две леви врати…
Браво !
Чета Ви ,с огромно удоволствие !
Поздрави