Јас са викам Мина, а селаниве ма викат Мине. Овде ќе пишам за шо мислам јас за се шо са случвит овде во селово, во државава и на секаде во светот.
Живјам во Подмочани, многу убо село во Преспа. Во Подмочани учеф до осмо оделение. За учејне ич не ма биваше и зато не ојдоф гимназија да учам. Цеу живот сум го поминау во селово, само по некојпат ќе одам кај роднини на посета за празници ваму-таму. Са бавам со земјоделие, ама и од то немам видено многу аир. Денот си го врвам со гојдата на ливајѓе во Бранејнца, или пак на срецело на продавница си прам муабет со селаниве. Сакам да читам, ама кај да најдам книги? Гледам телевизија, најпојќе ма интересират вестите и нешто историско.
Пред некоја година дојде еден наш чек од селово, ама сега живет во Америка. Многу богат биу. Секој пат ко ќе са вратит во селово од странство на селаниве му носит по некој подарок од таму, ѓомити да са покажит коуку богат биу. Лани мене ми донесе едно мало компјутерче за ф пазува да го носиш. Јас туп ко тиква, шо ќе ми е такво нешто? Ми велит, чичко најди некој од децава да та научит како работат ова, и ти ќе можиш да читаш и да видиш се шо са случвит во светов. Ќе можиш и муабет да си преш со роднини од странство ако имаш. Ќе видиш како живјат лујѓето низ светоф.
Ко да одам со гојдата да и пасам на ливајѓе таму имат едно младо дете, се са разбират од техникава денешна. Ма седна некоуку пати и се ма науче како да работам со пемперево. Сега знам за се шо са случвит на секаде. Еднаш си помислиф, можит имат лујѓе низ светоф шо сакат да знат шо мислам јас и шо са случвит овде кај нас, и зато са решиф да пишам за тие работи.
Овде Бранејнца имат други ко мене шо пасат гојда. Гојдата си пасат, ние си преме муабет за ова за она. Си имаме напрено колиба за ко ќе врнит, си печиме патати, си пијаме рајќиичка. Јас ќе му го отворам компјутерчево, му читам и му кажвам за се шо са случвит. Имат еден постар, Тане, пак тој сакат да му кажвам слики со голотии, ич немат срам.
Ако ви носит патот на ваму некојпат, елајте да са видиме да попреме муабет.
Ај, со зравје!

Супер ви е блогот, ама за поголема ефективност наместете го на почетната страница да се појавуваат новите написи, а не делот „Кој сум јас“.
Мина, што ве викаат Мине, многу ми се допадна Вашиот блог и Вашето мислење „ за се шо са случвит.“ Онака со мекам….
pisete mi obavezno, imam edno prasanja bitno za Podmocani, komsi