Feeds:
Написи
Коментари

Читам по весниците дака аубанските партии си напреле некоја си Тиранска платформа. Ошле во Тирана кај нивниот претседател да му кажит како да си и барат нивните права. Во та платформа са велило дака аубанскиот јазик требало да учит и да са употребвит насекада во Македонија. Зошто? Зато што, на пример, некој аубанец шо не го знет убо македонскиот јазик ќе ојт на доктор и не ќе можит да му објаснит на докторот шо му е маката, ниту пак докторот можит да му објаснит како требит да са лечит. Зато си барат докторот да му објаснит на аубански. А доктороф да ти е од некаде од источна Македонија, тој одвај зборвит на литературен македонски јазик, камо ли на аубански, и сега шо прет болниоф аубанец? Дур да најдат чоек шо зборвит аубански за да му објаснит, тој можит да умрит. Зато сите доктори требило да го учат и знат аубанскиот јазик.

Јас, на пример, тотално са сложвам со барајната на аубанците. Зошто? Зато шо и ние преспанциве си го имаме истиот проблем со јазикоф наш. На пример, пред некој ден одам на доктор во Ресен. Доктороф битоучанец. Му велам, докторе, имам проблем со мевоф. Само ми са дујат и, извинејте, ми грејт за прдејне на секој пет минути. Тој ми велит, ова ќе требит појќе да са испитвит:

„Вам ќе треба да ви направиме превентивна гастроскопија. Резултатот ќе зависи од позитивната семејна анамнеза. Отежнато голтање, желудочни проблеми, честа подуеност и ждригавица се некои од состојбите при кои задолжително треба да се направи гастроскопија, односно ендоскопски преглед на желудникот и на дванаесетпрсното црево. Со овој вид преглед видливи се и најмалите промени на желудникот. Од аспект на дијагностичка точност гастроскопијата е метода која нуди најточна дијагноза а со новите технички опции на најновите ендоскопи процентот на рана и точна дијагноза е се повисок (над 95 отсто). Рано поставена дијагноза на болеста на желудникот и на дванаесетпрснотот црево е од огромно значење за исходот од применето лекување.“

Ај, сега да та видам разбери го доктороф шо сакат да ти кажит? Зато требит сите доктори да учат не само аубански но и преспански да зборват. Овде са работит за здравје и живот. Чоек можит да умрит пред да разберит шо му е маната. Зато и ние, ко аубанцине,  ќе приготвиме Преспанска платформа и ќе демонстрираме пред собранието во Ресен се додека нашата платформа не са усвоит. Бидејќи нашиоф градоначауник у глуф за нашите потреби, и ние ко аубанцине ќе ојме во Аубанија да бараме помош кај градоначауникот на Пустец Едмонд Темелко за да ни напишит Преспанска платформа. Зошто кај него? Зато шо тие најубо зборват по преспански.

Тоуко од мене за ова.

„Стоп Операција Сорос“ е името на новото граѓанско здружение кое ќе иницира и ќе даде придонес во процесот на „десоросоизацијата“ во Подмочани.

Почитувани читачи на мојов блог, можит вам шо живејте во градојте низ Македонија немат да ви са вервит, ама точно е дака прстите на врагот Сорос са вмешани и во нашето Подмочани уште пред многу, многу години, уште од времето на турското ропство. Зато ние формиравне друштво на граѓани за конечно да му клајме крај на негото владејне во нашево село, ко што му кладовне крај на владејнето на клетите турци. Ама немат да ви са вервит дака многу полесно беше да го ослободиме Подмочани од турците откоуку од Сорос.

Зошто? Зато што проблемто не е чоекот Сорос. Тој си живет некаде во Невијорк во некоја уба зграда и си прет миљарди долари секоја година. Во Македонија дошоу само еднаш пред многу години, ама доста беше да ја заразит целава држава и нашево село Подмочани со соросоизација и сега ние ќе мораме да са справуваме со проблемот. Ама ние селани ко селани, шо са разбираме од соросоизација? Еден од селово шо са имат со љујѓе во штабон на ВМРО во Ресен ојде пред некој ден да ги замолит да ни пратат некој специјалист за десороизација шо имат десороизирано села ко нашево. Не поминаа ни два дена, туку гледаме на сретсело грејт скопска кола со тројца мажи и ни велат дака са пуштени од главниот штаб во Скопје да не десороизират. То ти биле Ненад Мирчевски, Цветин Чилиманов и Никола Србов.

sorosoidi

Са поздравивне, шо прете, како сте, како поминавте по пат, ги почастивне по едно кафе во бифено, и тие сака одма да са фатат за работа.

Ни опитват, кажејте сега кај се соросоидите, ние овде дојдени сме да и сотриме до крај? Вака сега, јас ко постар му велам. Вие скопјани сте многу културни луѓе, вие са разбирате от се и сешто, ама вие ни зборвите за некој работи шо ние простиве селани ич не и разбираме. Прво требит да ни објасните за шо са работит. Кој е тој Сорос, шо е то соросоизација, шо е десоросоизација? Ама ќе ни објасните на начин шо ние можиме да го разбериме.

Еден од ниф, овај Чилиманов, пред некој ден ти десоросоизирал некое село во охридско и добро пиу познат со десоросоизирајне на селани и можиу многу јасно да ни објаснит шо са случвит. Ни велит вака. Вие вервите во Бога Семошниот Православен? Вервиме! Вервите во светците библиски и македонски? Вервиме. А кој е најголемиот непријател на Бога и на верата наша? Сите знеме, ама да не му го спомниме името на ѓ….от. Ко шо имат Господ Севишен светци да ја шират верата низ цеу свет, така и ѓ….от имат негој иљадници ѓаолчина шо шетат по села и градој и прат беља секаде и секому. Е, сега вака. Овај Сорос му е ко некој наследник на ѓ….от. А соросоидите са ко некој ѓаолчина шо ја шират верата на Сороса. Сега разбравте во шо е работата? Сега јасно ви е зошто требит да и сотриме? Јасно ни е, ама како? Како? Е баш не е лесно, ама имаме начин. Како прво, требит да ги препознете овие ѓаволчина/соросоиди. Тие тешко са препознават бидејќи тие са влезени во душите на обични селани. Некојпат самите селани не са свесни ути соросоидот му имат влезено во душата. Ево, на пример, го гледета онега шо сејт во ќошон и моучит? Самото лице него ти кажвит ути соросоидот му имат влезено во душата. И навистина, чоекот (са викат Иљо) веднаш стана, са виде на огледало, си го виде соросоидот на лицето и веднаш избега пред овие да му напрат нешто.

Така, овие тројцава скопјани почна да ни дават совети шо требит да напреме за да и сотриме соросоидите от селово. Ако сумњате дека некој е соросоид, ќе напрете вака, вака и вака… Вие требит да и лечите луѓето од соросодство ко попојне шо и лечат оние во кој имат влезено ѓ….от. Ќе напрете вака. Ќе земите едно мало знаменце ВМРО-вско во рака. Во другата рака ќе земите темјаник, ќе запалите темјан, ќе го почадите човекот со темјанот и ќе ја пеете ова молитва:

Грујо нашъ,
иже еси на Водно,
Да святится имя Твое,
Да приидетъ царствие Твое,
Да бъдет воля твоя,
Яко на Водно така и во Подмочани.
Субвенции наши даждъ днесъ:
И остави намъ долги наша за струја, якоже и ми оставляемъ
должникомъ нашимъ,
И не введи нас во искушение соросоидско,
Но избави нас от лукаваго Сороса.
Яко Твое ести царство и сила и слава во веки. Аминъ.

Ако човекот е навистина соросид, штом ќе ја слушнит ова молитва тој ќе почнит да викат на цеу глас Сорос! Заев! Сорос! Заев! А вие само ќе ја повторувате молитвата Грујо нашъ. По некое време човекот ќе разберит ути ни ѓ….от не можит да са спасит от Грујо и ќе са откажит од соросоидтство.

Е, така са прет десоросоизација во Подмочани.

Вчера беше многу жалосен ден во Подмочани. Испраштавне на гурбет во странство еден поун аутобус со малди. Са собравне цело село на срецело на новата бина изградена от градоначауникот Стрезовски. Викнавне музичари да и разонодит младите, ама ништо чаре. Плачот са слушаше дури горе на Пелистер. Самиот градоначауник дојде да и продит и да и убедит младите да са премислат и да си останат во Македонија. Му велит вака, добро бе деца, кажејте шо ви мачит, шо мака имате, зошто си заминвите во странство. Овие пак нему ву велат, Господине Стрезовски, ти нашите маќи ич не и знеш. Небото да е книга, морето мастило, нашите маќи не можат да са опишат. Ние за пари не страдаме. Фала богу Премиерот ни дават субвенци секоја година за се и сешто. Поголема демократија од Македониија немат ни во Америка. Нашите маки са духовни, ако разбираш шо сакаме да ти кажиме. Ние си заминуваме заради духовна неисполнетост, шо би рекла она професоркана Каракамишева.

За некој поради љубовна празнина во нашите домови. На некој таткому си грејт дома од кафана и почвит со пцујање, мајка-шајка. Мајката го коунит со “Господ да та казнит”.

За некој се работи за тага поради невозвратена и непреболена љубов. Ево земи го Колета, на пример. Беше заљубен со Летка скоро 4 години. Лани лето дојде в село Драган од Канада, бараше чупе да са женит и да го занесит странство. Летка му раскина на Колета, си го зеде Драгана и си замина. И сега шо да прет Коле? Са затворе дома, плаче, плаче соузи коуку да наводниш ливада, ама никако да ја преболит љубовта. Са одлуче и тој да заминит Канада и да си ја барат својата Летка. Со среќа на ка му е.

За некој поради потребата да се биде со партнер педер или педерка. Кај нас во селово имат само една педерка, Марија. Сите знеме дака е педерка. Ќе сејт со нас кај бифено на лето, ќе поминит некоја лична женска и ќе почнит да коментират со непогодни изреки. И кај да барат кај нас партнерка педерка? На педерките не му пишит на челото дака са педерки? Пред некој месец ојде во Америчката амбасада да барт виза за Америка. Таму ја опитват зошто сакат да са иселит таму. Таа му кажвит право, сакат да си најт партнерка педерка. Уште истиот ден ја дадо виза и чера си замина за Сан Франциско кај што имат најмногу женски од нејзината сорта.

Како да бараме чаре да и заприме младите да не одат странство, опитвит градоначауникот? Дај да ја опитаме она Каракамишева шо ќе речит. Ево го нејзиниот совет.

  1. За да немат непреболена љубов, сите заљубени од сега ќе требит да потпишат договор кај нотар дака немат никогаш да раскинат од партнерот. Тој шо ќе раскинит ќе му са судит 15 години затвор.
  2. За да немат празнина во домот, секој родител ќе е законски задолжен да си ги седнуват децата на скут и да си ги бацвит три пати на ден.
  3. За педерит и педерките да можат полесно да си најдат партнери, Премиерот Груевски ќе дават посебни субвенци за секој пар. Второ, еднаш неделно кога имат пазар во Ресен ќе са берат сите такви во некој кафич за да си са запознат. Секој ќе требит да носит капа со педерска ознака за сите да знат кој е шо е.

Вака са надеваме дака ова ќе е последен аутобус со млади шо си заминуват во странство.

Ја поздравувам одлуката на премиерот Груевски да му дават пари на младоженци да си градат убај кујќи и во ниф да си прават многу деца за во нашата Македонија да имаме многу млади. Пред некој ден Груевски дојде кај нас во Подмочани да ја промовират ова одлука. Некому му текнало да го опитат зошто са зафатиу за нешто вакво. Груевски му велит дака во Македонија му требало голема армија на ВМРО-вчина шо ќе гласале за него за следните 93 избори. Се сретна со сите 115 бејќари и и опита дали би са ожениле скоро и дали би стокмиле барем по 12 деца ако Груевски му изградит уба кујќа. Немаше ни еден глас против. Имаше само некоуку коментари. Ево шо рече Гога Грчевски, еден младоженец.

„Јас лично многу ви сум благодарен за ова понуда. Јас са ожениф пред 4 месеци. Лежам со жена ми секоја вечер, аму уште не сум ја легнал, ако ма разбирате шо сакам да кажам. Зошто? Ево зошто. Живјам со родителите и со еден неженет брат. Спијаме во посебна одаа, шо са велит, да прдниш сите ќе та слушнат, камоли да ја преш она работа. Жена ми ми велит, јас не ти ја давам ни да ја померисаш дури не станиш домакин и не изградиш кујќа само за нас двајцата да си преме шо сакаме и кога сакаме на раат. И така, Господине Груевски, дајте пари шо побргу да си изградам кујќа и ако требит 20 деца ќе напрам со ќеф. И јас задоволен, и жената презадоволна, а и вие ќе си имате млади ВМРО-вчина да гласат за вас цеу живот.“

Ево еден друг коментар од Иљчета Петревски.

„Господине Груевски, и јас сум младоженец, и јас имам мака да ја убедам жена ми да легнит со мене. Не дават и недават! Ја занесоф на доктор да видам шо е проблемот. Докторот ми велит ути жена ми ти била фригидна. Јас го опитвам, шо е то, да не случајно жена ми е педерка? Не била педерка, тој ми објаснуват, ама јас појма немам шо е проблемот. Жена ми ми велит, ај да сјојме дома, јас ќе ти објаснам. Ма седна и ми велит вака. За да имала желба да ја прет она работа требало да сума и купил некоја секси долна облека и неколку секси играчки. Си велам, значи проблемот е решен. Утре ќе ојме на пазар, купи си каква сакаш облека и какви сакаш играчки. Ќе си дојме дома, ќе легниме и три дена немат да станимее. Ама работава не била тоуку проста. Таква облека и такви играчки но можело да са најдат на пазар. Ами како? Требало да са порачат само преку интернет. Ма седна и ми покажвит слики од облека на компјутер од некоја фирма шо са викат Викторија сикрет. Гледајќи ги сликите мене одма ми са крена, и велам, дај одма порачај да и донесат уште утре. Ама ко ја видоф цената на облеката патлакот одма ми падна и са скри. Зборот ми е ова. Ако сакате младите да прат многу деца, убо е да имат своја кујќа. Ама мислам дака то не е довоуно. Јас би ви дал совет секоја млада невеста да ја снабдите со некоуку пара секси долна облека за да имат желба да легнит со сопругот. Јас позајмиф пари од банка за да и купам на жена ми некоуку пара таква облека, и да ви кажам со радост дака првото дете е веќе стуткано. Ево некоуку слики од облеката од  Викторија сикрет.

mps-b473ra2 se-x45ra1 telhvp03ba2_1 w-fg542ba2

За работата лесно да успет по мое лично мислејне ќе требит и спалната соба да е наредена и опремена за таква работа. Ево како изгледат нашата спална соба во Подмочани.

Ethnic-modern-bedroom-design-ideas

1330448699818239

Бејќарите пак му нарача на Груевски да најт начин да му донесит убај и млади чупина од странство ко ќе ојт на оние роуд шоата. Џабе е да имаш кујќа ко немаш жена да легниш. Во Подмочани немат чупина ни за иљач. Секое чупе шо е во години одвај чекат да дојт некој од странство да ја земит и да са куртулит.

И така, премиерот Груевски ни са заблагодари за идеите и си замина. И тоуку за денеска.

Пред некој ден бја објавени на интернет бесплатните планој и изгледот на типските кујќи што и најаве премиерот Никола Груевски на почетокот на месецов. Станвит збор за шест проекти на куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадратни метри. Заинтересираните граѓани ќе можеле да ги симнат од веб-локацијата на Министерството за транспорт и врски.

Овие планој убај са за градејне кујќи и во град и во село. Арно ама, едно шо фалит са планој за полско ве-це. Овие архитектите шо и напреле планојве појма немале како изгледат полските ве-цеа, и зато премиерот Груевски и пуштиу кај нас во Подмочани да видат како изгледат најпогодните вакви структури за секого од град или село и за секаква потреба. Ево долу ќе видите слики, а планојте ќе можите да ги симните од веб-локацијата на Министерството за серејне и мочајне.

Ево деве слики от план за градско ве-це за богаташи.

outhouse3

outhouse4

Ова ве-це е за кујќи во село за сиромашни.

outhouse1

Ова ве-це е за кујќи изградени покрај обалата на Охридско езеро.

Outhouse2

Ова е ве-це шо ќе е поставено на секој плоштад во Македонија за странските туристи да имат кај да си вршат работа. Ќе са наплатвит едно евро за мала нужда и пет евра за голема нужда. Ќе са наплатвит десет евра ако сакате овие чупина да ви го избришат газот. Ако сакате овде можите да си порачате и пиво, ди си са напијате дури си вршите работа

outhouse6

Ова е ве-це за оние шо са непокретни.

outhouse5

Ова ве-це е наменето за кујќи на политичари. Самиот Груевски го видеу ова ве-це и лично го пробау ко биу на некое роуд-шоу во Кина. Горниот биу за политичари, а доуниот за гласачи.

political-outhouse1

 

Овде сакам да кажам некоуку зборој за проблемите шо ги имат студентите шо жијват во домот Гоце Делчев. Ова го кажвам зошто и внукот мој живет таму. Ми са јави чера и ми пуште некоуку слики од домот. И ми велит, дедо јас појќе овде не можам. Ко шо гледаш на сликиве, овде појќе не са живет.

Јас му велам вака, ти бре внуку ојде таму да учиш, или да уживаш? Јас и баба ти пред да са родит татко ти спијавне во едно авурче заедно со гојдата и со кокошките. И ето успевне да преживеме, да го израсниме татко ти и тебе. Ко шо гледам јас по телевизијана и го слушам онај Миленко на Канау 5, вие студентите изгледа многу сте разгалени. Мауце вода ќе ви протечит от таванот и отма реагирате ко синкир небото са сруше над вас. И шо сакате вие, кажи ми? Сакате домот да ви е ко хотел? Токму работа! Во Скопје сте за учејне или за уживајне? Ајде, гледај  некако положи оние шо велиш некоуку испити шо ти остана и да та немат кај стрико ти во Нов Зеланд барај си ја среќата.

 

После последните поројни дождој целото село Подмочани беше под вода. Како шо гледате на сликава, новото 20 метарско корито не можеше да ја соберит целата водата.

IMG_0859

Другиот ден после поплавите са собра месната заедница да дискутират како да го надминат овај проблем за реката да не са прелеват. После некоуку часовна дискусија решија да го замолат градоначауникот и премиерот Груевски ако е можно да дадат помош да са проширит коритото барем уште 17 метри и да са дигнит во висина за 12 метри.

%d bloggers like this: