Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Септември, 2022

Министерството за надворешни работи го назначи Атанас Историковски за новиот член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Историковски е именуван за нов член на Комисија согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.

Атанас Историковски е историчар и професор по историја на Македонија, од времето кога мајмуните во Африка слегле од дрвјата и се преселиле во Преспа и почнале да се шетаат на задните две нозе низ плажите на Преспанското езеро, потоа времето на Александар Македонски, потоа времето кога Исус Христос и Св. Апостол Павле проповедувале низ Македонија, нарочито низ Преспа, на чист македонски јазик, како што ние сега го зборуваме во Преспа, се до времето на таканаречената Бугарска администрација на Македонија за време на Втората светска војна. Историковски исто така е и специјалист по био- и палео лингвистика и антропологија.

Професорот Историковски е редовен професор на дисперзинариот Универзитет во Подмочани. Откако беше назначен за член на оваа комисија нашата редакција имаше огромна чест да се сретне со професорот д-р Историковски, каде направивме едно кратко интервју за неговите истражувања во врска со разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик, кои тој планира да ги презентира на следниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Професорот д-р Историковски ги објаснува разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик на следниов начин.

Јазикот е голема мускулна структура која речиси ја исполнува усната шуплина. Јазикот не е еден голем мускул како што некои може да претпостават, туку се состои од неколку мускули групирани како внатрешни и надворешни јазични мускули. Јазикот е способен да произведува неверојатно фини и сложени движења, или со насочување на протокот на здив за време на производството на согласки, или со подигање и спуштање за да формира резонантен сад за самогласки.

Променливата форма на јазикот се користи за време на говорот на македонски или бугарски за да се создадат тесни констрикции во усната шуплина што го делат гласниот тракт на низа резонантни шуплини. Заедно, овие шуплини селективно ја засилуваат комбинацијата на фреквенциски опсези кои ги кодираат самогласките, фонемите и алофоните на говорот.

При изучувањето на разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик користивме анатомска магнетна резонанца во реално време за да собереме видеографски податоци со висок контраст помеѓу јазикот и околниот вокален тракт. Ја моделиравме формата на напречниот пресек на јазикот за да ги измериме движењата на јазикот во целост и применивме анализа на функционалните главни компоненти за да ги истражиме варијациите во формите на јазикот што ги користеа македонските и бугарските зборувачи. Овој пристап обезбеди квантитативен, генерализиран и сеопфатен опис на улогата на јазикот при зборување на овие два јазици.

Шест учесници (тројца мажи и три жени) беа регрутирани од Македонија и од Бугарија. Учесниците имаа различно културно потекло и возраст од 20 до 33 години.

Постапка: Секој учесник изврши задачи за производство на зборови, читајќи текст од локален весник додека беше подложен на магнетна резонанца во реално време (rtMRI).

MRI во реално време собира серија анатомски слики од средно сагитален дел од јазикот, главата и вратот. Сликите беа собрани на Siemens 3 T Magnetom Prisma Fit во центарот за сликање на мозокот во с. Арвати.

Нашите истражувања и податоци покажаа дека дефинитивно македонскиот јазик нема никаква сродност со бугарскиот јазик, а разликите може да се видат на следните фотографии. Првите две фотографии се примероци од типичен машки и женски македонски јазик, а следните две од типичен машки и женски бугарски јазик. Мислам дека ова наше истражување треба да стави крај на дискусијата за тоа дали македонскиот јазик е посебен или им некаква сродност со бугарскиот.

Македонски јазик

Бугарски јазик

Read Full Post »