Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘УКИМ’

Денес Министерката за образование и УКИМ најавија отварање на дисперзирани факултети во три држави: САД, Германија и Австралија. Потребата за отварање на овие факултети доаѓа од фактот што во последните десет години од Македонија се иселени 150,000 илјади студенти кои не ги завршиле нивните студии во Македонија. На некои им фалат само неколку испити. На пример, во САД има над 75,000 илјади студенти што заминале таму преку програмата Work and Travel, а немат никаква намера да се вратат во Македонија.

Петар, студент на ФИНКИ, заминал во САД преку оваа програма пред две години, работел како собар во луксузен хотел во Колорадо. Работната виза му важила до крајот на септември. Детето сакало да остани во Америка, се распрашал за работа во Microsoft. Таму му рекле со задоволство би го вработиле, ама му треба да има диплома. Ако се врати во Македонија да го положи последниот испит, нема гаранција дека ќе добие виза да се врати во САД. Петар е еден од првите студенти да се запише на дисперзираниот факултет во Гарфилд, Нју Џерзи, сместен во подрумот на црквата Св. Кирил и Методи.

Од Министрството за образование и УКИМ објаснуваат, еднаш месечно со чартер летови ќе патуваат од Македонија професори што ќе одржуват предавања и испити на овие факултети.

Read Full Post »